Живот
31. January 2019 - 14:07

„Нема да седам покрај овие свињи“: Патничка дивеела во авион, ги навредувала другите па е исфрлена од летот

Една жена е исфрлена од летот на „Јунајтед ерлајнс“ по скандалот кој го направила во авион.

Целиот инцидент го снимила патничката Норма Роџерс која седела покрај неа, додека жената ги изнесувала своите поплаки на соговорник преку телефон. Таа жената и мажот меѓу кои седела ги нарекла „две големи свињи“. Се пожалила дека ја „стиснале“, а инцидентот е објавен во медиумите откако Роџерс ја објавила снимката на Фејсбук, која од тогаш е прегледана повеќе од два милиони пати.

Роџерс на крајот ја замолила стјуардесата да ја премести жената поради нејзиното „вербално злоставување“, но потоа и други патници почнале да го критикуваат нејзиниот испад. Жената на крајот е префрлена на друг лет.

„Кога стана јасно дека однесувањето на патничката веројатно ќе стане проблематично на тој лет, обезбеден и е алтернативен аранжман веќе следното утро“, се наведува во соопштението на „Јунајтед ерлајнс“.