Македонија
16. October 2020 - 21:58

Нема договор за Гоце Делчев има нови идеи на маса, историчарите продолжуваат со разговори

Нема договор за Гоце Делчев. Неговиот идентитет се уште е прашањето за кое мешовитата комисија не може да се договори. На маса биле ставени неколку предлози, но историчарите не дадоа детали околу нив.

Мал напредок е направен во однос на учебниците во делот на средновекието. За светите браќа Кирил и Методиј, историчарите се децидни – тие се сесловенски и христијански просветители. Но несогласувања има околу празникот 24 мај.

Историчарите се согласни дека тие разговараат на експертско ниво, а политичарите имаат своја агенда.

Дводневните преговори во Скопје  се случуваат по пауза од речиси една година. Единствено за што се договорија македонските и бугарските историчари е дека до крајот на годинава ќе има уште една средба. За следната година, пак, предвидени се пет средби доколку тоа го дозволи пандемијата со коронавирусот. Мешовитата комисија не разговарала за јазикот бидејќи, како што велат, тоа е прашање за лингвистите.