Македонија
31. December 2019 - 16:40

Нема договор за техничка влада, преговорите продолжуваат во новата година

Кој ќе биде министер за внатрешни работи во техничката влада останува неизвесно до последниот ден. од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ова прашање ќе биде решено најдоцна до четврток бидејќи нема да дозволат да се доведе во прашање распишувањето на предвремените избори.

Минисерот Спасовски како иден мандатар вели дека останатите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во ресорите труд и социјална политика, финансии и администрација се прифатливи.

Начелно немам проблем во однос на овие кандидати за министри, меѓутоа тоа ќе го кажам во моментот кога ќе се добие составот. Време има скогаш и апсолутно може да се успее со изборот на техничка влада. Имаме искрени и чесни намери да се одржат изборите на 12 април, потенцира Спасовски.

Спасовски потенцира дека владејачката партија и натаму остануваат на ставот дека предлогот Драган Ковачки да го предводи министерството за внатрешни работи во техничката влада е противуставен и очекува опозицијата да го промени предлогот до предвидениот рок.

Како иден мандатар мислам дека еден од главните принципи е да го почитуваме Уставот и во тој поглед воопшто немаме дилема дека тоа треба да биде пред се и над се. Второ, кога размислуваме за овој кандидат размислуваме и за милитаризацијата на МВР, а тоа воопшто не е потребно во демократска држава и демократско општество, рече Спасовски.

Очигледна е желбата на СДСМ да бега од избори и да се противи на професионализмот, се вели во реакцијата на опозициската партија. И кога го толкуваат Уставот, освен парцијално гледање на работите, добро е да го погледнат и членот 23 од Уставот, кој предвидува дека секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.