Ненајавена блокада на автопатот Тетово-Скопје од револтирани граѓани поради зголемената цена на струјата
Сообраќајот на автопатот од Тетово кон Скопје вечерва беше ненајавено блокиран 30-тина минути од страна на дваесетина автомобили со луѓе од дел од иницијативата „Доста е“ кои веќе осум недели организираат јавни протести во тетовско поради незадоволство и револт од зголемување на цената на електричната енергија.
Околу 19 часот групата со своите автобилите стигнаа до пред Желино каде го блокираа движењето на останатите возила на потегот од Тетово до Желино. Сообраќајот на тој начин беше блокиран околу 30-тина минути по што групата ги тргна возилата и замина.
Ваков протест со блокада на автопатот имаше на 21 август. Минатата недела јавни протести беа организирани и во неколку рурални средини.
Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на пет отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој што ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање