Македонија
8. April 2020 - 14:27

Неофицијално уште еден починат од Ковид-19 во последните 24 часа - вкупно починати 28 лица

Нов смртен случај од коронавирус во Македонија. На Клиниката за инфективни болести почина маж од Куманово на 70-тина години. Според неофицијалните информации пациентот имал повеќе хронични заболувања. Досега во земјава 28 лица ја загубија битката со Ковид – 19.

30-тина заразени со коронавирус се со тешка клиничка слика, меѓу нив е и родилката од Куманово, а десетина се на апарати за дишење.

Во очекување на официјалниот извештај од Министерството за здравство за бројот на новозаболени изминатото деноноќие, неофицијално кај 18 лица бил потврден Ковид-19.

Со новите случаи бројката на заразени достигна 617. Заболени има во 18 градови. Најмногу се од Скопје, Куманово, Дебар, Прилеп, Тетово, а десет проценти се здравствени работници.

Последното деноноќие реализирани се 351 тест, а досега направени се над 6000 тестирања за Ковид-19