Непознат сторител ограбил битолчанка во Центарот за култура
Битолчанката Е.М. вчера попладне била ограбена во Центарот за кутлура во Битола.
Министерството за внатрешни работи информира дека непознато лице вчера околу 17,30 часот преку незаклучена врата влегло во фоајето на Националната установа-Центар за култура-Битола и со употреба на физичка сила ја отворило заклучената еднокрилна дрвена врата од билетарницата и влегло внатре од каде од женска чанта оставена на пунктот за наплата сопственост на Е.М.од Битола одзело женски паричник во кој имало лична карта, кредитна картичка, 200 денари и други членски картички.
При кражбата пристигнала оштетената Е.М, по што непознатото лице ја турнало наназад и побегнало, а при обидот за бегство удрило во една од стаклените влезни врати во фоајето и ја скршило.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација