Нетанјаху сослушан во врска со скандалот со компанијата „Безек“
Израелската полиција денеска првпат го сослуша премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во врска со коупцискиот скандал во кој е вклучена најголемата телекомуникациска компанија во земјата „Безек“.
Сакандалот избувна по објавувањето на информациите дека сопствениците на „Безек“, кои важат за блиски до Нетанјаху, влијаеле врз интернет сајтовите под нивна контрола да известуваат позитивно за израелскиот премиер и неговата сопруга Сара, а за возврат добивале поволности од државните регулаторни тела за телекомуникации.
Нетанјаху, кој веќе е осомничен за два други слуаши на корупција, негира каква и да е негова поврзаност со случајот со „Безек“.
Според израелските медиуми, во исто време со Нетанјаху, полицијата на друга локација ја сослушала и неговата сопруга.
Во врска со овој скандал, полицијата на 18 февруари уапси неколкумина членови на раководството на „Безек“, меѓу кои, како што јавија изарелските медиуми, и двајца „многу блиски“ соработници на Нетанјаху.
Апсењето на раководтелите на „Безек“ уследи помалку од една недела откако израелската полиција предложи да биде покренато обвинение против Нетанјаху за два случаи на примање поткуп.
Според израелските медиуми, полицијата го сомничи Нетанјаху дека примал подароци од бизнисмен и дека направил договор со еден израелски издавач на весници за намалување на медиумската конкуренција, во замена за позитивни текствови за Владата во неговите изданија.
Во врска со овие сомнежи на почетокот на 2017 година Нетанјаху во неколку наврати беше сослушуван од полицијата.
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција