Живот
19. February 2016 - 20:34

Неверојатно: Имал 165 килограми, а денес изгледа како Бред Пит!

Откако го одбиле на аудицијата за британскиот The Voice, овој Британец решил да ги превземе нештата во свои раце и да го промени својот живот од корен. 29-годишниот Rick Snowdon, многумина денеска го споредуваат со Бред Пит, иако некогаш имал неверојатни 165 килограми.

До денес, пејачот држел диети и вежбал, ослабнал 80 килограми.

- Додека растев имав проблеми со тежината. Бев дебел и поради тоа се чувствував грдо и бев повлечен во себе. Се заклучив дома од 4 ипол години. Така научив да свирам гитара и цел живот желба ми е музиката, вели тој.

Мора да признаеме, сега ова момче нема никаков проблем и мами женски воздишки.