Бизарно но вистинито
9. March 2016 - 19:15

Неверојатно: Жена, мртва пијана возела со дрво забиено во автомобилот

Една од најбизарните потери во кои учествувала полицијата во Росел, Америка е кога ја запреле 54-годишната жена која го управувала својот автомобил со најчудниот додаток кој сте го виделе - четири и пол метри долго дрво.
 
Всушност, од нејзиниот автомобил стрчело дрво, а подоцна изјавила дека не се сеќава како дрвото се нашло таму, пренесува „Mashable“.
 
Полицаецот кој ја запрел изјавил дека стоејќи до автомобилот го осетил мирисот на алкохол, па и дал тест на кој веднаш паднала.
 
Поради тоа на службениот Фејсбук профил објавил фотографии и додал: Ова е уште една причина зоштно не треба да се пие и да се вози.
 
Инаку, случајот го пријавил случаен минувач, кој мора да се појави на суд во април.