НЕВИНОСТ

Loading Video...

Базирана на вистинска приказна, "Невини" е психолошка драма, чии автори го следеа теркот на популарните "Истанбулската невеста" и "Мојот дом". Серија со една поинаква тематика, серија со поинакви емоции и големи животни поуки.

Приказната го следи Хан, успешен бизнисмен кој живее заедно со неговиот татко Хикмет и неговите три сестри Сафијe, Ѓулбен и Нериман. Хан го посветува целото свое време за семејството и нема свој приватен живот. Неговиот татко боледува од дијабетес, неговата мала сестра Нериман боледува од астма додека неговите две големи сестри имаат психички проблеми. Сафије и Ѓулбен се опседнати со хигиената во домот, дури четири пати го мијат зеленчукот со сапун и не пуштаат никого во кујната како не би внеле бактерии. Нивната зависност од чистење ги прави животите на членовите на семејството тешки и мачни. Бидејќи сакаат да исчистат сè на совршен начин, трошат толку многу време дури и да подготват едноставно јадење. Братот им приоѓа на своите сестри со многу внимателност и разбирање, не ги осудува и се труди максимално да им даде поддршка притоа правејќи жртва за сопствениот живот. 

Но, една случајна средба со младата девојка Инџи го менува животот на Хан.

Опсесија и посесивност. Љубомора и интровертност. Проблеми со кои ќе мора да се соочат Хан и Инџи, проблеми кои се косат со здравиот разум и проблеми кои може да се решат само еднаш и засекогаш - со спротиставување кон двете чудни сестри. А причината за чудното и лудо однесување на сестрите лежи во сенките од минатото, во траумите од тешкото детство кои им ја уништиле кревката невиност.