Македонија
25. January 2021 - 16:31

Невладините бараат увид во извештајот на УНЕСКО

Јавноста бара  да учествува во владиниот нацрт извештај за охридскиот регион до УНЕСКО. Од Алијансата „ Разбистри се“ во која учествуваат 31 граѓански организации со допис се обратија до премиерот и надлжените институции. Бараат да бидат  консултирани при подготовка на овој извештај. Според Архуската конвенција Владата е должна да им овозможи на граѓаните пристап до информациите кои се однесуваат на светското природно наследство кое им припаѓа на сите.

Ставот на Алијансата е  дека охридскиот регион треба да биде преместен на листата на светско наследство во опасност бидејќи само така ќе се активираат механизми кои ќе овозможат меѓународна помош  и соодветен третман на регионот.

Моменталната состојба со охридскиот регион е резултат на неодговорното однесување на надлежните посочуваат граѓанските организации.