Балкан
6. January 2020 - 21:18

Невреме го парализираше балканското приморје: Авионите не летаат, бродовите не тргнуваат преку Јадранот

Поради лошите временски услови во приморските балкански земји, дојде до откажување на авионски летови и бродски линии.

Авион кој леташе кон грчкиот остров Самор мораше да се врати на солунскиот аеродром „Македонија“, поради лошото време. Пилотот по 40 минути лет побара дозвола да се врати во Солун од безбедносни причини, пренесе агенцијата АНА.

Поради забрануваното море и силните ветрови близу брегот на јужна Италија се откажани две тргнување на фероботи на линијата Бари - Драч, соопштија од италијанското пристаниште.

Тргнувањата од Албанија кон Италија поради тоа се запрени додека не се подобрат временските услови, пренесува агенцијата АТА.