Свет
7. јуни 2017 - 8:59

Невреме и торнадо во северниот дел на Италија

Невреме го погоди северниот дел на Италија, а во градот Бреша е забележана појава на торнадо. 

Торнадото синоќа предизвикало штета на земјоделските насади. 

Снегот од Алпите на одредени места се спуштил и под 2.000 метри, а пониските подрачја биле погодени од обилни дождови и град.