Македонија
4. August 2020 - 19:46

Невреме во Скопје

Силно невреме попладнево го погоди главниот град. Пороен дожд, силен ветер и град со големина на орев 40-тина минути го парализираа Скопје.

Екипата на Сител беше во обиколка на Скопје по завршување на невремето. Иако без сериозни штети, невремето поплави улици и паркинзи ширум главниот град, кои останаа под вода и по неколку часа од невремето.

И од Град Скопје потврдуваат дека нема пријави за поголеми штети освен неколку поплавени улици поради запушени шахти, кои сега се отпушени, и неколку паднати дрвја.

Невремето траеше 40-тина минути, а освен силен пороен дожд и ветер, паѓаше и град со големина на орев.

За време на невремето на социјалните мрежи се појавија голем број видеа и слики.

Од Скопје, невремето продолжи кон Куманово и северните делови од Македонија, каде се уште има услови за нестабилно време. 

УХМР претходно најави дека времето денеска ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Утре и задутре се очекува пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.