Балкан
13. May 2019 - 10:41

Невремето предизвика големи штети на Балканот - хаос низ улиците

Обилните дождови денеска го погодија северозападниот дел на Босна и Херцеговина, а во Приедор и Босански Нови се излија локалните реки.
 
Во Приједор се поплавени околу 200 станбени објекти, а дојде и до пораст на нивото на водата и излевање на реката Пухарска, која се влева во Сана.
 
Реката Јошавка, поради огромната количина на дожд која вчера падна во попладневните часови и која се уште паѓа, се изли на главниот пат Челинац – Прњавор преку Стара Дубрава.
 
Поплавена беше и населбата Урија, а реката Враголовача се изли од коритото во местото Јутрогошта и го пресече локалниот пат. Мештаните ја спасуваат стоката од шталите, кои се во близина на оваа река.
 
Силно невреме вчера ја зафати и Хрватска.
 
На улиците во Загреб во сите делови на градот утринава имаше многу скршени гранки, дрвја, растурени контејнери за отпадоци или дрвени штандови, а некаде и истргнати семафори. Итните служби и пожарникари се на терен, а полицијата ги предупредува граѓаните да не одат надвор ако немаат итна потреба.
 
Невереме се очекува и во Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија го повтори предупредување дека од денеска до петок се очекува голема количина на врнежи.
 
Сите надлежни служби воведоа 24-часовни дежурства на водостоите на реките, а РХМЗ го вклучи  портокаловиот и жолтиот метеоаларм.  (МИА)