Балкан
30. November 2019 - 8:49

Невремето во Сплит предизвика паника кај населението

Хрватскиот град Сплит синоќа беше погоден од силно невреме, проследено со обилен дожд и грмотевици. Во рок од 30 минути наврнаа 10 литри дожд на метар квадратен.

Во околината на Сплит, во Стобрец наврнаа околу 18 литри дожд на метар квадратен.

Громовите предизвикале паника кај жителите на Сплит, но и проблеми со електричната мрежа и уличното осветлување.