-->
-->
Нибали победник на италијанското Џиро
-->
Велосипедистот на Астана Виченцо Нибали, втор пат во кариерата, победи на Џиро Д’Италија. Нибали, во неделата, ја освои четвртата голема титула во кариерата, покрај победите во Италија (2013, 2016), тој има и по една победа на Вуелта (2010) и Тур Д’Франс 2014.
Нибали, во петокот, имаше заостанување од пет минути во однос на Стивен Крујсвијк, кој падна за време на етапата и ја загуби предноста. Нибали последната етапа ја возеше на розев велосипед, бидејќи му беше потребно само да ја заврши трката за да ја обезбеди вкупната победа.
Нибали на крајот, во вкупниот пласман, имаше 52 секунди предност во однос на Естебан Чавес од екипата на Орик Грин Еџ, додека трет заврши Алехандро Валверде од Мувистар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена