Loading Video...
Спорт плус
2. January 2021 - 18:13

Никола Ѓорѓиев: Наша главна цел е пласман на ЕП

Први од македонските спортисти кои ќе имаат настап во новата година се одбојкарите. Нивната најголема желба, а се разбира и цел е, нов настап на завршницата на Европското првенство. 
 
По кратката новогодишна пауза, најдобрата машка македонска одбојкарска репрезентација продолжува со подготовките за квалификациите за Европскиот шампионат и тоа веќе во комплетен состав, откако на останатите им се приклучи Филип Деспотовски. 
 
По двете контроли во Скопје, утре репрезентацијата патува за Софија, каде во вторник и среда ќе бидат одиграни уште два контролни натпревари против Бугарија. 
 
Тоа ќе биде и последната проверка за нашата репрезентација, која од 11 до 16 во Скопје ќе биде домаќин на Турција и БиХ репрезџентации преку кои црвено-жолтите ќе се обидат да стигнат до доволен број на победи и бодови, со кои по втор пат би се пласирале на завршницата на Европскиот шампионат. 
 
Целта е јасна, порачува капитенот Никола Ѓорѓиев, додавајќи дека иако Турците важат за фаворити, сепак во Скопје македонските одбојкари не се предаваат лесно.