Николоски: Македонија е пред сериозна енергетска криза, а граѓаните не можат да си ги платат сметките
„Македонија е пред сериозна енергетска криза, се наоѓа и во голема политичка криза, а граѓаните се наоѓаат во ситуација да не можат до маркет и пазар да отидат заради цените и немаштијата која се случува во Македонија. Граѓаните чекаат акции и попусти за да си ги купат основните намирници, и се тресат како ќе ги платат поскапите сметки за струја, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, Александар Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Николоски вели дека утре во Собрание ќе се разговара за продолжување на оваа т.н. енергетска кризна состојба, но јавноста треба да знае дека гасот ќе поскапи три пати, што значи парното 2 до 2 ипол пати, а за електричната енергија, да не ја лажат јавноста, за компаниите е поскапена 4 до 5 пати, а не проценти.
„Фирмите ќе почнат да испуштаат од работа затоа што нема да можат да ги издржат тие цени. Нашиот план е план за помош за граѓаните и компаниите за да не се почувствува ценовниот шок, од струјата и греењето во вредност од 250 милиони евра“, нагласи Николоски.
Во однос на комисиската расправа за буџетот, тој вели власта ги одби повеќето амандмани и јасно е на каде одат работите.
„Власта прикажува лажни податоци и лаже дека пораснала економија, врз основа на лаги се задолжувале и сега Македонија мора повеќе да враќа, а тоа се одразува на граѓаните. Оваа влада нема капацитет за решавање на проблемите, немаме квалитетни одговори на овие прашања. Лажат исто како што денес не однеле јаглен во РЕК, а велеа 900 тони или РЕК до ден денес не е ставена во целосна функција, Македонија мора да увезува поголема струја“, рече Николоски.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност