Македонија
1. July 2022 - 9:51

Николоски: Не би сакале да формираме влада со ДУИ, но ќе ја почитуваме волјата на Албанците

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера во емисијата „Click Plus“  истакна дека не би сакале да формираат Влада со ДУИ, но сепак ќе ја почитуваат волјата на Албанците.

„Ние не би сакале да формираме Влада со ДУИ, би сакале да формираме Влада со Алијанса за Албанците и Беса. Е сега какви ќе бидат изборните резултати јас не можам да претпоставам, на крај луѓето гласаат и тоа е волја на народот“, вели Николоски.

Според него, тие ќе го почитуваат принципот на двојно мнозинство.