Николовски обвини за злоупотреби со огревно дрво
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска обвини дека минатата година се правени манипулации и злоупотреби со огревно дрво преку ЈП Македонски Шуми и Министерството за земјоделство.
- ЈП Македонски Шуми од Министерството за земјоделство на 27 јули 2015 побарало дозвола за извоз на околу 30.000 метри кубни огревно дрво, со образложение дека домашната побарувачка се задоволува од домашни потреби. Министерот експресно, следниот ден, одговара позитивно на ваквото барање и дава одобрение за извоз на 29.028 метри кубни дрва, изјави Николовски.
Со ова, како што оцени, наместо граѓаните да го добијат огревното дрво што го платиле, тоа се извезува во Грција.
- Кој профитирал од оваа зделка на штета на граѓаните и дали за ЈП Македонски шуми и за Министерството најважни се интересите на фамилијата или на граѓаните, праша дополнителниот заменик-министер, додавајќи дека секој што го прекршил законот ќе одговара.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација