Никос Анастасијадис повторно избран за претседател на Кипар
Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис е реизбран на денешниот втор круг претседателски избори.
Од преброените сто отсто од гласовите, тој доби 55,99 проценти.
Одѕивот беше 73 отсто, помал од претседателските избори во 2013 година, кога изнесуваше 83 отсто, но два отсто повисок од првиот круг избори годинава.
Гласањето започна во 7.00 часот, по локално време, а се одвиваше на повеќе од илјада избирачки места. Право на глас имаа 550.000 граѓани на Кипар.
Жителите на Кипар денеска избираа меѓу двајцата кандидати, досегашниот кипарски претседател Никос Анастасијадис и независниот кандидат Ставрос Малас.
Анастасијадис (71) од христијанско-демократската партија Демократски збор во првиот круг од претседателските избори, што беа одржани на 28 јануари, освои 35,5 отсто од гласовите, а неговиот ривал, независниот кандидат Малас (50), кој ужива поддршка од комунистичката партија АКЕЛ, освои 30,25 отсто од гласовите.
Никос Анастасијадис е водечка личност на кипарската политичка сцена со децении. Десет години е претседател на партијата Демократски збор. Беше пратеник од 1981 до 2013 година, кога ја исполни својата главна амбиција да стане претседател.
Студирал право на Атинскиот универзитет, а постдипломски студии завршил во Лондон. Женет е и татко на две ќерки.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица