Нобеловиот Комитет го одложува директното врачување на наградата за мир
Добитникот на годинашната Нобелова награда за мир – Агенцијата за храна на ОН, се согласи да се одложи персоналното доделување на наградата во Осло, поради пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Нобеловиот комитет.
Церемонијата требаше да се одржи следниот месец, пренесуваат американските медиуми.
„Поради сегашните ограничувања во Осло, нема да е можно на добар и безбеден начин да се одржи доделувањето на наградите или другите делови од програмата“, соопшти Комитетот.
Првиот човек на Агенцијата за храна на ОН, Дејвид Бисли, требаше на 10 декември да ја прими наградата во име на организацијата што ја претставува.
Церемонијата вообичаено се одржува на Градското собрание на Осло, но годинава, токму поради пандемијата, беше планирана на универзитетот во овој град.
Од овие причини церемонијата ќе се одржи во дигитален формат, при што ќе бидат прикажани медалите и дипломите и на неа ќе зборува генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
“Во зависност од ситуацијата со пандемијата, Бисли ќе ја прими наградата, а потоа ќе може да се организира прием во чест на Агенцијата. Како што претходно е најавено, годинашниот прием е откажан”, се додава во соопштението на Нобеловиот комитет.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност