Нобеловиот Комитет го одложува директното врачување на наградата за мир
Добитникот на годинашната Нобелова награда за мир – Агенцијата за храна на ОН, се согласи да се одложи персоналното доделување на наградата во Осло, поради пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Нобеловиот комитет.
Церемонијата требаше да се одржи следниот месец, пренесуваат американските медиуми.
„Поради сегашните ограничувања во Осло, нема да е можно на добар и безбеден начин да се одржи доделувањето на наградите или другите делови од програмата“, соопшти Комитетот.
Првиот човек на Агенцијата за храна на ОН, Дејвид Бисли, требаше на 10 декември да ја прими наградата во име на организацијата што ја претставува.
Церемонијата вообичаено се одржува на Градското собрание на Осло, но годинава, токму поради пандемијата, беше планирана на универзитетот во овој град.
Од овие причини церемонијата ќе се одржи во дигитален формат, при што ќе бидат прикажани медалите и дипломите и на неа ќе зборува генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
“Во зависност од ситуацијата со пандемијата, Бисли ќе ја прими наградата, а потоа ќе може да се организира прием во чест на Агенцијата. Како што претходно е најавено, годинашниот прием е откажан”, се додава во соопштението на Нобеловиот комитет.
Ново на Сител
-
УЈП: Во февруари исплата за скенирани фискални во четвртиот квартал од 2020
-
Мицкоски на средбата со Петир: Владата на Заев покажа дека не умее да затвара прашања во полза на земјата
-
Заев: Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години
-
ВМРО-ДПМНЕ: 10.000 ученици ќе следат настава од телевизор, а Царовска наместо реформи менува наставни програми
-
Прегазена 17-годишна девојка во Тетово
-
Влада: Расте просечната нето плата, создаваме услови
-
Шахпаска: Со петтиот пакет мерки ќе бидат опфатени и лицата со попреченост
-
Царовска: Над 14 илјади ученици пријавија испити, матурата ќе се спроведе, бојкотот е неоправдан