Loading Video...
Фудбал
9. December 2022 - 16:06

Холандија и Аргентина (вечерва 20 часот) ќе го дадат вториот полуфиналист на Мундијалот

Вториот полуфиналист на СП во Катар ќе го дознаеме вечерва откако Холандија и Аргентина ќе го одиграат својот четвртфинален дуел.
 
Тоа ќе биде вкупно деветти пат, овие селекции да играат меѓусебен дуел, а шести натпревар натпревар на Мундијалите.
 
последен пат играа во полуфиналето на Светското првенство во 2014 година, кое Холанѓаните го загубија на пенал серијата со две промашувања и кончени 4-2
 
Во двете репрезентации сега се надеваат дека овојпат натпреварот ќе биде решен без „панал рулетот’. 
 
„Бев таму во 2014 година и не шутнав. Да, имаше голема тензија и голем притисок. Сепак, ние сме професионални фудбалери и треба да можеме да се справиме со тоа“, изјави холандскиот напаѓач Мемфис Депај. 
 
Со него се согласува и аргентинскиот селектор Лионел Скалони, кој сепак потенцира дека неговите избраници се подготвени и за такво сценарио „Тие тренираа пенали вчера, секогаш тренираат пенали после тренинзите.  Но на крајот, шутирањето пенали е висинска коцкарска игра. Се надеваме дека нема да добиеме на таа ситуација, се надеваме дека ќе го завршиме натпреварот порано. Ние сме подготвени“.
 
 
Ќе дојдат ли во ситуација повторно да решаваат во „пенал рулетот“ или победникот ќе биде решен по 90 евентуално 120 минути игра останува да видиме по средбата што ќе започне од 20 часот.
 
Потсетување дека вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од утрешните четвртфинални средби меѓу Мароко и Португалија (од 16 часот), односно Франција и Англија (од 20 часот).