Македонија
16. September 2020 - 10:57

Нов чекор кон стопирање на висококатницата во Ѓорче Петров

Стоп за изградбата на 17-катницата во Ѓорче Петров и ревидирање на Деталниот урбанистички план кој предвидува градење на 58-метарската зграда. Од Иницијативата за урбано дивеење денеска до општината поднесоа барање за ревидирање на спорниот ДУП кој содржи три барања - намалување на катноста, намалување на опфатот на градежна површина и зголемување на површината за зеленило. Во спротивно, како што најавуваат, ќе ги продолжат протестите пред општината и ќе се обратат до Уставниот суд од каде ќе бараат времена мерка за овој урбанистички план. Од општина Ѓорче Петров реагираат дека одобрението за градење се уште не е изградено, а дека сега донесениот ДУП е изработен во согласност со плановите од повисоко ниво. Воедно, како што велат од општината, маскимално дозволените параметри за градежната парцела не дозволуваат изградба на зграда висока 58 метри.

 

Горан Симоновски