Балкан
26. November 2020 - 15:58

Нов црн рекорд во Србија, 51 починат и повеќе од 7.500 заразени

Во текот на последните 24 часа во Србија се регистрирани 7.606 случаи на коронавирус, а починаа 51 лице, што е нов црн рекорд.

Тестирани се 21.569 луѓе. Во болниците има 6.722 лица, а во моментов 243 пациенти се на апарати за дишење.

Вкупно 148.214 случаи на коронавирус се регистрирани во Србија од почетокот на епидемијата. Тестирани се 1.703.985 лица. Вкупно починале 1.366 лица.

Во вторникот беа воведени нови, построги мерки за борба против коронавирусот, беше одлучено учениците од повисоките одделенија на основните и сите средни училишта да се префрлат на онлајн настава. Исто така, на факултетите им се препорачува да онлајн настава.

Членот на кризниот штаб, епидемиологот д-р Предраг Кон, изјави дека мерките се задоцнети.

Лекарите апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките што се донесени со цел да имаат ефект.