-->
-->
Нов настап на младите кошаркари на Феникс 2010 во Европската лига
-->

По двата успешни настапи на КК Феникс 2010 во Европската младинска кошаркарска лига (EUBL) со генерациите 2003-та и 2000-та, сега на ред е нов настап и тоа на селекцијата кошаркари родени 2001-година.
Оваа генерација минатата сезона донесе голем успех на македонската младинска клупска кошарка, со пласманот меѓу осумте најдобри екипи во Европа, односно, пласманот на завршниот „Супер-фајнал“ турнир на EYBL. Сезонава тие ќе се обидат да го повторат, но и надминат минатогодишниот резултат.
„Задачата нема да биде лесно. По ланскиот настап, но и годинашните резултати, сега сите наши противници не гледаат со поинакви очи. Ќе одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, како и со другите селекции и разбирливо на сите натпревари ќе атакуваме на победа“, изјави тренерот на клубот Денис Дервишевиќ.
И координаторот на нашата екипа Марјан Лазовски (поранешниот селектор на најдобрата репрезентација на Македонија) смета дека екипата е во одлична форма.
„Физички, технички и тактички овој тим е одлично подготвен. Сепак станува збор за млади деца, па факторот мотивација и трема ќе има влијание. Првото (мотивацијата) е на високо ниво, особено по одличните настапи и резултатите кои ги постигнаа другите две наши селекции, па верувам дека тоа ќе биде само дополнителен мотив и за оваа генерација. Што се однесува до тремата, верувам дека тоа одамна е мината работа, бидејќи најголемиот дел од овие деца зад себе веќе имаат три вакви турнир“, изјави Лазовски.
На првиот од двата турнири кој ќе се одржува во Будимпешта од 20 до 23 октомври, КК Феникс за противници ќе ги има екипите на: БДСЕ Графакс (Унгарија), Лондон Јунајтед (Англија), ТС Јан Минхен (Германија) и УКС Хромик Зари (Полска).
Вториот кој ќе се игра во Будаорс е закажат од 2 до 5 февруари 2017 година, по што двете првопласирани екипи ќе обезбедат пласман во плејофот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жени од Источна Македонија започнаа обуки за вклучување во доброволните противпожарни друштва
-

Преглед на вестите од светот
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
