Македонија
15. September 2020 - 13:00

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ: Денеска во 18:30 пред Министерството за правда

Денеска во 18:30 опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно излегува на улица во рамки на третиот протест овој пат за Гоце Делчев и како што велат обидот на Заев далеку од очите на јавноста, во рамки на преговорите со Бугарија да тргува со македонскиот идентитет и историја. 

Според најавата од опозициската партија, протестот треба да почне пред Министерството за правда и со марш преку мостот Гоце Делчев да заврши пред Министерството за надворешни работи. 

– Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев со нашиот источен сосед. Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци. Во меѓувреме нема никакво поместување на патот кон Европската Унија. Европската Унија останува уште едно неостварено ветување на Зоран Заев и неговата власт. Не чувме идеја, ниту план, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

 

Александар Спасовски