Нов протест во Прилеп за „Еурокомпозит“
Бараме јасен одговор и крајно решавање на проблемите со исплатата на отпремнините и заостанатите плати и придонеси, реагираа работниците прогласени за технолошки вишок од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ на денешниот протест во центарот на Прилеп.
Според Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок, не е исполнето ветувањето од минатонеделниот протест во Скопје за исплатата на отпремнините.
– На средбата со претставникот на државниот капитал ни беше речено дека отпремните ќе се исплатат до петокот или, најдоцна, до вчера, понеделник. Од тоа нема ништо, вели Велјаноски.
Револтирани се од нејаснотиите и кратката средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој најавил инвеститор што ќе вложи 1,5 милиона евра.
– Вториот ден ние што останавме на протестот во Скопје, се сретнавме само на пет минути со вицепремиерот Анѓушев кој, дури не ни дозволи да поставиме прашања. Рече дека инвеститорот ќе вложи 1,5 милиона евра, прво ќе се подмири долг кон Стопанска банка Битола и ќе останат 1,1 милион евра, па што сакаме да правиме со нив. Сега проблемот го префрла кај нас за ние да решиме за подмирувањето на побарувањата. Бараме крајно и конкретно да се каже како со фирмата. Не е проблем да се рестартира преку стечај и да работи „Еурокомпозит“, но не се знае ништо. И по две години договарања и преговарања како да сме на почетокот, смета Велјаноски, нагласувајќи дека само исплатата на заостанатите придонеси е околу еден милион евра.
Работниците бараат средба со релевантните политички фактори во Прилеп, а не ја исклучуваат можноста од повторен протест во Скопје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација