Loading Video...
Бизнис
18. October 2021 - 16:35

Нов раст на цената на горивата од полноќ

Од полноќ ново поскапување на горивата за еден денар. Еуросупер 98 ќе се точи за 78.5 денари по литар, а дизелот ќе чини 68.5 денари. Но очекувањата се дека цените и понатаму ќе растат. Вредноста на нафтата урива рекорди. Денеска на американската берза го достигна седумгодишниот максимум, додека на лондонската, бележат највисока цена во изминативе 3 години. Како се опоравуваат економиите од корона кризата, така се очекува побарувачката да расте, што дополнително ќе влијае на зголемување на цената. Сега се стравува на подгревање на инфлацијата, што може да го успори растот на економиите во светот.

И додека Хрватска ги замрзна цените на нафтата на еден месец, во Србија се разгледува опцијата за укинување на акцизата. Кај нас, оваа давачка, која оди директно во буџетот сочинува речиси 30% од цената, односно дури 22 денари отпаѓаат на акциза. Засега нема најава за укинување или намалување на дел од давачката.