Балкан
11. July 2016 - 14:05

Нов случај на силување ја потресе Србија, девојче повторно жртва

Тројца мажи се уапсени под сомнение дека силувале 15-годишно девојче на 8. овој месец околу 1.30 ноќта.

Тие се осомничени дека обљубиле немочно лице, соопштија од Вишото јавно обвинителство.

Од таму соопштуваат дека жртвата е малолетничка. Осомничените се сослушани во Вишото јавно обвинителсрво и предложен е притвор поради можно влијание на сведоците и поради вознемирување на јавноста.

Според неофицијалните сознанија, силувано е 15-годишно девојче. Силувањето се случило рано утрото на 8. јули, а ден подоцна силувачите се идентификувани и приведени и ќе одговараат за ова брутално злосторство.