Македонија
3. December 2020 - 16:43

Нов состанок на историската комисија, Заев открива: Тргна работата!

Премиерот Заев вели дека има напредок од денешната работата на мешовитата македонско-бугарска историска комисија. Историчарите ги заклучиле записниците од постигнатите договори за одредени историски настани и ликови. Смета дека освен политичарите и членовите на комисијата вложуваат напори во постигнувањето напредок.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара оставка од Заев бидејќи како што пишува на фејсбук, премиерот прифатил менување на историските читанки.

„Лажливецот Заев, денеска обвинува за некаков лажен патриотизам и тоа во истиот ден кога соопштува дека ќе ги менува учебнивите по историја во согласност со туѓу желби“, пишува Мицкоски.

Средбата на историчарите се одвива онлајн и никој не открива детали за текот на состанокот. Според најавите треба да се разговара за содржината на македонските учебници по историја за средновековниот и раноосманлискиот период. Најверојатно тема на дебата повторно ќе биде и Гоце Делчев.

Онлајн дебатата со бугарските историчари, нивните македонски колеги ја водат од зградата на Министерството за надворешни работи. Од македонскиот тим велат дека до завршување на дводенвниот состанок не даваат изјави. Тимот историчари на бугарија најави дека средбата ќе трае до утре вечер.

До сега мешовитата македонско-бугарска комисија има одржано 11 средби. Постигнати се договори за заедничко одбележување на Свети Кирил и Методиј, Климент, Наум и Цар Самоил.