Македонија
28. February 2016 - 16:39

Нов тип алерголошки тестови на детската клиника

Секое второ дете пати од алергија. Ова е проценката на педијатрите кои изминатите неколку години се соочуваат со голем број на мали пациенти кои имаат  респираторни или алергии на храна. Полен, прашина, трева, млеко, лекови се дел од најчестите алергени кои се виновни за кивањето, течењето на нос или осип по телото. Лекарите причините ги гледаат во климатските промени и загадувањето на воздухот.

-Климатските промени, загадувањето, се тоа си го прави своето и овој тренд е во пораст особено во последните години. Храната, алергиите на храна, затоа велите правилна и здрава исхрана, тоа е потребно, вели Аспазија Софијанова директор на Клиника за детски болести

За навремена дијагностика и утврдување на алергијата кај децата, на детската клиника веќе неколку месеци располагаат со  нов тип на алерголошки тестови и анализи преку крв кои овозможуваат високо ниво на точност.  Предноста е што можат да утврдуваат предиспозиција за алергиска реакција кај новороденчиња.

- Ова е прва ваква можност за испитување во јавното здравство и веќе функционира. Може да се прават до 400 тестови на час и до 400 типови на алергени. Алергијата е болест на новото време. Според некои европски статистики дури 150 милиони луѓе во Европа патат од алергии, а едно од 20 деца имаат една или повеќе алергии на некој тип на храна. Тоа значи дека потребата од ваков апарат е голема и очекувам овој апарат да најде соодветно место во примената во целиот здравствен систем, изјави Никола Тодоров, министер за здравство

Сезоната на алергии никогаш не завршува и трае во текот на целата година. Затоа лекарите со препорака дека мора да се открие вистинската причина за алергиската реакција.