Нов тип алерголошки тестови на Клиниката за детски болести
Нов тип на алерголошки тестови и анализи преку крв на деца и со многу високо ниво на точност се достапни во лабораторијата на Клиниката за детски болести и веќе се изведуваат, изјави министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Клиниката за детски болести.
- Ова е прва ваква можност за испитување во јавното здравство и веќе функционира. Може да се прават до 400 тестови на час и до 400 типови на алергени. Без оние стандардни претходни тестови кои што се правеа на кожата и кои може да се прават и на деца во најмала возраст, дури и во неонаталниот период, рече Тодоров.
Тодоров нагласи дека апаратот е набавен преку тестови, согласно воведениот принцип за набавка на апарати и веќе е ставен во функција и на располагање и на докторите и на сите пациенти.
- Алергијата е болест на новото време. Според некои европски статистики дури 150 милиони луѓе во Европа патат од алергии, а едно од 20 деца имаат една или повеќе алергии на некој тип на храна. Тоа значи дека потребата од ваков апарат е голема и очекувам овој апарат да најде соодветно место во примената во целиот здравствен систем, истакна Тодоров.
Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова рече дека особено е важно тоа што сега ќе може кај новороденчињата да се дијагностицира предиспозиција за одредена алергиска реакција, пред да се појават клиничките знаци за неа.
- Предноста во медицината е колку порано да се открие предиспозиција кон одредена болест за да може да се спречи. Ќе можеме да ги спречуваме навреме и да знаеме за кој тип алергиска реакција е предиспонирано детето уште од најрана возраст, истакна Софијанова.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар