Loading Video...
Ф1
16. August 2020 - 16:54
Нов триумф на Хамилтон на „Каталуња“ за Големата награда на Шпанија
Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон е победник на шпанското Гранд-при што се возеше денеска на патеката Каталуња крај Барселона.
Британецот до својата четврта победа сезона, а 88-ма во кариерата, стигна пред пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, и тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.
Оваа тројка по истиот редослед е и на првите три позиции во Генералниот пласман, со тоа што сега Хамилтон дополнително ја зголеми бодовната предност над конкурентите.
Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 30 август, кога на програмата е белгиското Гранд-при на патеката Спа-Франкшамп.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->