Нов Зеланд се соочува со промени предизвикани од затоплувањето на морето
Водите околу јужните делови на Нов Зеланд се шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок, посочуваат научниците.
Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е четири степени потопла од просечната и дека таквите температури ќе имаат значителни последици за еко-системот настанат и прилагоден на постудени води.
Според Де Соуза, истражувањата покажале дека се зголемуваат температурите на површинските води, но и оние на длабочина од сто метри, што значи дека топлотниот бран ги погодува и видовите што живеат во подлабоките води.
„Морските видови кои не можат да ја променат локацијата ќе бидат повеќе погодени од оваа температура” рече Де Соуза кој очекува температурите на морето да останат над нормалата до април.
Нов Зеланд минатата година доживеа бројни топлотни бранови на морската вода, што доведи и до појава на избелување на морските сунѓери.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори