Кошарка
12. March 2018 - 13:43

Нова блескава партија на Јокиќ

 
 
Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ ноќеска го забележа седмиот трипл-дабл во тековната сезона и го изедначи рекордот на легендарниот Вилт Чембрлен сметајќи остварување на тројни ефекти само на центри во НБА лигата.
 
Јокиќ во триумфот над Сакраменто (130:104) одигра три четвртини и постигна 20 поени, 11 скока и 10 асистенции.
 
Денвер е на 10.место во Западната конференција со ефект 37 победи и 30 порази со шанси да напредува две позиции и да се пласира во плеј-офот, додека Сакраменто е 12-ти со ефект 21-46 и без изгледи да разигрува за титулата.