Спорт плус
10. September 2017 - 10:45

Нова бронза за Станојоски на балканското првенство

Игор Станојоски (-100 кг)во низа освои бронзен медал на Балканско првенство  во џудо, откако  лани се закитио со бронза.

Станојоски денеска на Балканскиот џудо шампионат во Скопје го освои вториот бронзен медал во неговата кариера и потврди дека лани успехот не бил случаен. И понатаму тој е едиствениот носител на медал во сениорска конкуренција за мажи на балканските првенства.

Игор ја имаше несреќата или среќата во првото коло да налета на Црногорецот Данило Пантиќ кој е европски првак, а минатиот викенд на Светското првенство Унгарија имаше три победи, од кого загуби, но повлече во репасажот, односно во борба за бронзен медал. Во борбата за бронзата го со ипон го совлада албанскиот репрезентативец.