Нова цена на горивата во Македонија

Пред две недели Регулаторната Комисија за енергетика ја донесе последната одлука за цените на горивата во Македонија. Според последната одлука, Ммалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 0,09%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се сменија, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 06.02.2017 година.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 0,50 ден/лит во однос на цената Одлуката од 06.02 и сега дизелот се продава за 52,5 денари по литар.
Наредната корекција е закажана за денеска. Останува да видиме дали Регулаторната Комисија ќе донесе одлука за поскап или поевтин бензин.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
