Живот
10. January 2020 - 13:01

Нова ерупција на вулканот Попокатапетл

Вулканот Попокатапетл во Мексико исфрли камења, што летаа 1,6 километри, соопшти мексиканската Национална служба за цивилна одбрана.

По ерупцијата над вулканот се издигна пепел во висина од три километри.

Вулканот Попокатапетл е висок 5.426 метри и е активен последните месеци, неколку пати исфрли камења и пепел.

Околу 25 милиони луѓе живеат во круг од околу сто километри од вулканот Попокатепетел, што се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.