Македонија
5. January 2021 - 21:37

Нова година почна со урбанистички проблеми на жители во Кисела Вода

Новата година донесе  вознемиреност  и проблеми за станарите од зградата број 20 на улица Христо Татарчев во скопска  Кисела Вода.
Според Деталниот урбанистички план предвидено е во дворот пред нивната зграда да се изгради нова со три спрата и поткровје. Утрово инвеститорот почнал со работа.

Новата зграда ќе го блокира влезот на станарите. Новиот пат што треба да го изгради инвеститорот според планот ќе бил еден метар повисок од сегашното ниво. Станарите стравуваат дека тоа ќе биде дополнителен проблем  бидејќи тие и сега се поплавуваат кога има обилни дождови.

Градоначалникот на Кисела Вода ветува дека ќе се обиде да најде решение, но вели многу работи не биле под негова надлежност.

Случајот на улица Христо Татарчев не е единствениот проблем во Кисела Вода предизвикан од градежните маркици и ДУП-овите, според кои, како што велат жителите, се уништува зеленилото за да се градат згради.