Нова идеја како да се одвива наставата, но се уште нема одлука
До трето одделение во училишните клупи, за останатите он лајн настава. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести по неколкудневните дебати со претставници од МОН кој модел е најбезбеден за учениците. Дали ова ќе биде официјално или ќе има измени, последниот збор ќе го каже Владата.
И покрај предложеното решение, голем број експерти стравуваат дека образовниот систем не е подготвен за ниту една опција – За онлајн настава сметаат дека нема доволно обучен кадар но и нема решение што со учениците кои немаат дома комјутер. За одење во училиште пак, родители очекуваат одговори на поголем број прашања – Колку време децата ќе бидат во училница, ќе има ли целодневна настава, колку ќе трае часот а колку одморот.
На социјалната група за он лајн поддршка веќе има бројни коментари дека денешниот предлог е дискриминација за децата и бараат сите да учат од дома.
Министрите за образование и за здравство имаа спротиставени ставови околу почетокот на учебната година – Адеми лично смета дека треба физичко присуство бидејќи ништо не може да го замени традиционалниот начин на образование. Филипче, пак, е за он лајн настава бидејќи вели дека е ризик присуството на децата во училишните клупи имајќи в предвид дека не се знае каква есен не очекува.
Со денешниот предлог најверојатно учебната година нема да почне на 1-ви септември бидејќи за физичко присуство во училиштата ќе бидат неопходни законски измени а нема Собрание.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар