Македонија
12. March 2016 - 16:18

Нова опрема за старата градска болница

За прв пат мамографски снимања и во Клиниката за хирушки болести Св. Наум Охридски.

Оваа дијагностичка процедура ќе им биде достапна на пациенти од крајот на месецот до кога треба да заврши едукацијата на медицинскиот персонал. Мамографот е дел од новата опрема која веќе е инсталирана во клиниката. Инвестицијата е во вредност од 20 милиони денари.

Со новите апарати кои треба да го подобрат квалитетот на здравствените услуги.

Од Св. Наум Охридски најавија и нова медицинска метода која досега ја немало во јавното здравство.

Во старата градска болница годишно имаат над 60 илјади пациенти и вршат околу 4300 хируршки интервенции.

Министерот Тодоров најави нов инвестициски циклус за оваа установа. За два месеци ќе добијат нова опрема во вредност од 63 милиони денари.