Тенис
18. October 2015 - 13:48

Нова турнирска победа за Ѓоковиќ

– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по третпат триумфира на Мастерс турнирот во Шангај, а вторпат во финалето е поуспешен од Жо-Вилфред Цонга (претходно во 2012 година). Тој во денешното финале за 78 минути успеа да го победи Цонга со 6:2 и 6:4 во сетови.
За Ѓоковиќ ова е 9.та титула во 2015 година или 57.ма во кариерата. Воедно тој е првиот тенисер што успеал во две години да има победи на пет Мастерс турнири. Најдобриот светски играч Ѓоковиќ ги има освоено последните 22 сета или нема пораз на 17 мечеви.
На најновата ранг листа што ќе биде објавена утре тој ќе ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Енди Мареј.