Loading Video...
Бизнис
24. јуни 2021 - 21:15

Новата еколошка такса пред блокада уште невлезена во Собрание

Владата ги достави до Собранието предлозите на воведување еколошка такса и намалување на ДДВ на струјата. Измени ќе се прават во два закони – за донации и за животна средина. За опозицијата спорен е новиот зелен данок. ВМРО ДПМНЕ го нарече кризен, кој ќе ги зголеми трошоците, а Алајанса на Албанците и Алтернатива најавија дека ќе го оспорат со амандмани.

Непотребен данок, кој нема да се користи за екологијата, туку за полнење на буџетската каса. Ова е ставот на опозицијата и експертите за воведувањето еколошки данок, кој ќе ги поскапи горивата за 3,5 денари. Сметаат дека поддршката која владата ја даваше во кризниот период за спас на стопанството – сега е време да се врати.

- Затоа што бесплатни ручеци во економиајта нема. Цената на струјата е основен инпут на многу производи и услуги. Ако таа оди нагоре, веќе се создадени услови за да биде пробиен таргетот за пораст на цените на мало. После овие летни месеци, кога ќе паднат цените на прехранбените производи, есента е многу важна. Треба внимателно да се следи состојбата и Народната банка – ако е потребно да реагира, изјави Павле Гацов, даночен екперт.

Тајмингот кога се воведуива новата такса е лош, затоа што економиајта се уште не закрепнала од пост ковид последиците, па цехот на крај, со бран поскапувања, ќе го платат граѓаните, сметаат и од Алиајнса на Албанците.

- Ние сме против оваа давачка затоа што прави дополнителен протисок врз граѓаните и удира по нивниот џеб. Особено кога се уште се чувствуваат последиците од криазата. Се работи за данок од  фискален карактер, однсно за пронаоѓање начин  како да си ги врати парите кои  државата ги даде за помош во кризата, изјави Елми Алзири, Алијанса на Албанците.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ еколошкиот данок го нарече кризен, кој само ќе ги зголеми трошоците на граѓаните и дополнително ќе ги осиромаши.

Власта останува на ставот дека целта на зелениот данок е да се заштити животната средина, а прибраните пари да се насочат кон зелени инвестиции и зелени работни места.  

Проценките на Владата се дека во буџетот само од зелениот данок ќе се слеат 54 милиони евра.