Македонија
25. April 2016 - 17:19

Новата опрема во поликлиниката Чаир ќе ги зголеми здравствените услуги за 20 проценти

Со новата опрема зголемување за 20 проценти на здравствените услуги во Поликлиниката Чаир очекуваат од Здравствен дом Скопје. Неодамна во установата беа набавени нов ехо кардиограф, 5 апарати за физикална терапија и современ биохемиски анализатор за поголем број лабораториски испитувања.

- Во 2015 година ја завршиле со 51.200 услуги од специјалистичко ниво, а за само првиот квартал од годинава со новата дијагностика која е воведена и кадровското зајакнување имамер 17.900 услуги, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ,  Директорката на Здравствен дом Скопје.

Покрај со опрема Поликлиниката Чаир се зајакнува и со кадар, потенцираше министерот за здравство.

- Оваа поликлиника, има 11 специјалисти од нив тројца ги преземавме од приватно во јавно здравство и тоа дерматовенеролог, интернист и специјалист по физикална терапија. Две медицински сестри се преземени од приватно во јавно здравство, изјави Никола Тодоров,министер за здравство.

Поликлиниката во Чаир покрива територија од 120.000 жители. Со новите апарати, според надлежните целата е граѓаните од овој дел на Скопје да ги добиваат здравствените услуги поблиску до местото на живеење.