Новата српска Влада положи заклетва
Членовите на новата српска Влада на премиерката Ана Брнабиќ синоќа положија свечена заклетва, на церемонија на која присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и повеќе странски претставници и дипломати.
На церемонијата не присуствуваа поглаварот на Српската православна црква, патијархот Иринеј, како ниту други верски великодостојници, што се оценува како нивни бојкот на новата премиерка, поради нејзината „нетрадиционална сексуална ориентација“.
Церемонијата уследи откако претходно вчера Собранието на Србија со 157 гласови „за“ и 55 „против“ за избра Брнабиќ за нов српски премиер. На гласањето немаше воздржани, а 38 пратеници не присуствуваа на седницата.
Кабинетот на Брнабиќ има 21 министер, односно два ресора повеќе од досегашната Влада и тоа за животна средина и за иновации.
Брнабиќ, во својство на мандатар завчера го изложи експозето пред пратениците, при што порача дека економскиот развој, дигитализацијата и образованието ќе бидат клучни приоритети на новата влада. Таа најави и дека Србија ќе продолжи да соработува со НАТО во рамки на програмата Партнерство за мир и дека ќе води политика на одржување на најдобри можни односи со Русија и со ЕУ.
Инаку, првата седница на новата српска Влада е закажана за утрово во 7.30 часот.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите