Нови 13 заболени и четворица излекувани од коронавирусот денеска во Косово
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира вечерва за 13 нови случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 125.
Според соопштението на ИШПК, во текот на денот се тестирани примероците на 113 лица за кои постоело соменување дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари до вечерва изнесува 1.380.
Сите нови случаи се заразени од контакти со лица кај кои претходно е потврдено присуството на вирусот. Единаесет од нив се од месноста Топоница во општина Каменица, во источно Косово, на границата со Србија, а по еден од Приштина и од Ѓаковица.
Денеска се потврдени како излечени четири нови случаи кај кои претходно било потврдено присуството на Ковид-19, со што вкупната бројка на лица кои од појавата на првите заразени, на 13 март, се излечени достигна до десет, а во истиот период е забележана и една жртва.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација