Македонија
18. September 2021 - 16:45

Нови најави за бојкот на наставата од 1 октомври

Родителите му дадоа рок на Министерството за образование до 1 октомври да го надмине проблемот со учебниците. Во спротивно најавуваат бојкот на наставата, протести и блокирање на улицата пред МОН.

Тврдат дека државата го прекршува уставно загарантираното право на бесплатно основно и средно образование, додека родителите секој ден мака мачат на своите деца да им обезбедат материјали за  следење на наставата.

Пред да превземат вакви радикални чекори од граѓанската иницијатива Настава и учедници мора да има, следната недела со претставки помош ќе вараат прво од Антикорупциксата комисија и народниот правобранител. Бројни забелешки имаат и за начинот на кој се одвива наставата со физичко присуство за време на пандемија.

Министерката Царовска пак изминатите денови тврдеше дека се работи на надминување на проблемот со учениците кој се јавува кај поединечни случаи, додека пак  за оние  ученици кои и две недели по стартот на ученбата година се уште се без таблети  и без печатени учебници, надлежни се училиштата и општините.